Ѝ СЕ ЗАПЛЕТКАЛА КОСАТА ВО МИКСЕР ЗА ТЕСТО Бизарна трагедија во грчка пекара 

И покрај брзата реакција на вработените и на лекарите од итната помош, жената за жал починала.

158

Трагична несреќа што се случи во раните утрински часови во четврток предизвика тага и шок во грчкиот град Лариса, кога 49-годишна сопственичка на пекара трагично починала додека работела.

Локалните грчки медиуми јавуваат дека според првичните извештаи, несреќната жена, под сè уште нејасни околности, трагично починала кога косата ѝ се заплеткала во миксер за тесто.






И покрај брзата реакција на вработените и интервенцијата на лекарите од итната помош кои брзо пристигнале на местото на настанот, жената за жал починала.

Околностите под кои се случила несреќата ги истражуваат полициските власти.

Истрагата е во тек и нејзината смрт не се третира како убиство, туку како несреќа.

Поврзани содржини