СЕ ЗАПАЛИЛЕ ОСИГУРУВАЧИТЕ Пожар избувнал во куќа во Велес
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните доколку забележат пожар да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.
Пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес, синоќа со брза и ефикасна интервенција успеале да спречат проширување на пожар во куќа на улица Коле Цветков број 10, каде имало запалени осигурувачи.
Пожарникарите во 22:00 часот примиле повик дека во куќа на оваа улица се запалени осигурувачи. Нивна дежурна екипа веднаш се упатила на местото на настанот со едно возило и со четворица пожарникари.
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните доколку забележат пожар да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.
Воедно апелираат до нив и да ја проверат и електричната инсталација во своите домови, бидејќи, за жал, честопати се случува поради неисправна електрична инсталација или осигурувачи да настане пожар и да изгори куќа, стопански или друг објект.