Се запалил трансформатор во подземна гаража на плоштадот Македонија

Откако, чадот се проширил во подземната гаража, дел од вработените во објектот излегле надвор, но во противпожарната служба, смируваат дека нема место за загриженост и дека навреме било интервенирано.

659

Екипите уште не се вратени од терен, но според информациите што ги имаме досега станува збор за ситна интервенција на трансформатор во подземна каража во објект на плоштадот Македонија, велат од Противпожарната служба на Град Скопје во врска со пожарот кој избувнал доцна попладнево во центарот на градот.

Откако, чадот се проширил во подземната гаража, дел од вработените во објектот излегле надвор, но во противпожарната служба, смируваат дека нема место за загриженост и дека навреме било интервенирано.






Дежурниот во скопската пожарна немаше конкретна информација во кој објект се случил пожарот на плоштадот и рече дека деталите за настанот ги очекува од колегите на терен.

Поврзани содржини