СЕ ЗАПАЛИ ВИКЕНДИЧКА ВО СКОПСКО КАТЛАНОВО На терен се 15 пожарникари
Екипата од скопската противпожарна бригада интервенирала со пет возила и со 15 пожарникари, информира Центарот за управување со кризи.
Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје известува дека во 22 часот вечерва добил пријава дека избувнал пожар во викендичка во населбата Катланово во близина на цркавата.
Екипата од скопската противпожарна бригада интервенирала со пет возила и со 15 пожарникари. Нема опасност од проширување на пожарот, велат од ЦУК.