СЕ ЗАПАЛИ КАМИОН ВО ДВИЖЕЊЕ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – ТЕТОВО Пожарот избувнал кај клучката Групчин
Камионот бил управуван од 46-годишен скопјанец кој се извлекол од инцидентот без повреди.
Во четвртокот околу 14 часот на автопатот Скопје – Тетово, во близина на клучката кај Групчин, избувнал пожар во движење камион со скопски регистарски ознаки, управуван од 46-годишниот А.К. од Скопје.
Според информациите од СВР Тетово, во инцидентот нема повредени лица.
Увид на местото извршила полициска екипа од СВР Тетово, а засега не се соопштуваат детали за причините на пожарот.