🎥 СЕ ЗАПАЛИ ГОЛЕМ ПЛАСТИЧЕН КОНТЕЈНЕР ВО ЦЕНТАР Пожарникарите беа брзи, ама околината добро засмрде
Огнот гореше неколку минути и за среќа, не ги зафати соседните два контејнера.
Се запали голем пластичен контејнер вечерва на булеварот Партизански одреди, во Центар, кај Архитектонскиот факултет.
Огнот гореше неколку минути и за среќа, не ги зафати соседните два контејнера.
Прва на местото стигна полицијата, а потоа и пожарникарите, кои брзо и ефикасно го изгаснаа огнот.
Пожарот предизвика силна смрдеа и токсичен чад.
Пластичните контејнери на „Комунална хигиена“ често горат во пожар. Во некои случаи ги палат несовесни граѓани,а понекогаш тоа се случува од невнимание на пример, со цигара. Во зимскиот период садовите за отпад горат и затоа што граѓаните кои се грат на дрва, понекогаш сосе пепелта, фрлаат и недоизгасната жар.
Во пожари страдаат и подземните контејнери.