СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА КАЈ ОБВИНИТЕЛСТВО Пожарникарите брзо интервенираа
Едно противпожарно возило и шест пожарникари набргу го угаснаа пожарот кој изби на повисокиот кат на галијата, каде биле запалени хартии.
Пожар изби денеска околу пладне на една од галиите во Вардар, спроти зградата на Јавното обвинителство, по што мораше да интервенира екипа на противпожарната единца на Скопје.
Командирот Звонко Томевски изјави за Плусинфо дека пристигнале со едно противпожарно возило и шест пожарникари и набргу го изгаснале пожарот кој избил на повисокиот кат на галијата, каде биле запалени хартии и картони.
Пожарникарите проверуваа дали во галијата има уште нешто што може да предизвика пожарот повторно да се разгори.
Оваа галија, која градските власти се обидоа да ја урнат уште во мандатот на претходниот градоначалник, но не успеаја поради тоа што е во тек судска постапка, во меѓувреме стана собиралиште на бездомници.