📽СЕ ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛ ВО ДВИЖЕЊЕ ВО АЕРОДРОМ Девојката што го возеше навреме излезе од возилото
Очевидци велат дека граѓаните кои биле затекнати на местото се обиделе да помогнат и да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати, но повикале и противпожарна екипа.
Возило марка „цитроен“ се пали во движење на раскрсницата пред железничка станица во скопски Аеродром, поточно пред зградата на поранешен „Неоком“.
Очевидци велат дека во возилото имало една девојка која веднаш го напуштила возилото, а граѓаните кои биле затекнати на местото се обиделе да помогнат и да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати, но повикале и противпожарна екипа.
Едно пожарникарско возило пристигна да го изгаси пожарот, а неколку полициски возила го обезбедија местото и ги пренасочија возилата од Аеродром кон центар преку улицата која води кон мостот „Беласица“.
Од силниот оган и високата температура испукаа и четирите гуми на автомобилот.