СЕ ЗАПАЛИЈА ДВА ОЏАКА ВО ШТИП, ДВЕ ЖЕНИ ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКА Еден оџак горел од првиот до петтиот кат на зградата!
Поради вдишување чад, Д.А. (65) и нејзината ќерка С.Д. (39) биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Две жени од Штип се повредени по пожар што избувнал на оџак во стан на улицата „9 Мај“, при што се задушиле од чад и биле пренесени на лекување во Скопје. Пожарот настанал рано изутрина, околу 6 часот, во стан сопственост на С.А. (41), а поради вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра С.Д. (39) биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Огнот зафатил и соседен стан, сопственост на 61-годишен штипјанец, а бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Штип. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен е и увид.
Неколку часа подоцна, попладнето околу 18:30 часот, во станбена зграда на булеварот „ЈНА“ во Штип бил пријавен уште еден пожар на оџак, кој се проширил низ становите од првиот до петтиот кат. Во овој случај повредени лица нема, а пожарот бил целосно изгаснат од противпожарната единица. И за овој настан увид извршила увидна екипа на СВР Штип.