Ѝ се заканувал со нож на вработена во скопска аптека, украл мобилен и 6.000 денари

368

Триесет и осум годишен маж попладнево извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски, којшто го приведе полицијата од ПС Центар.

– Полициски службеници од ПС Центар попладнево приведоа маж Ф.Л. (1982) кој околу 16.30 минути извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски. Тој со закана со нож од вработената одзел околу 6.000 денари и мобилен телефон. Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и лицето е лишено од слобода, а парите и телефонот се пронајдени – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини