СЕ ЗАБИЛ СО МОПЕД ВО СТОЛБ 17-годишник почина во Неготинско

Според полицијата, момчето од селото возело по локалниот пат кога излетало со мопедот и удрило во столбот.

326

Ноќ во Тимјаник завршила со трагедија кога 17-годишен тинејџер со мопед „Лонгија“ со неготински регистарски таблички изгубил контрола и удрил во бетонски столб. Несреќата се случила нешто пред еден часот по полноќ.

Според полицијата, момчето од селото возело по локалниот пат кога излетало со мопедот и удрило во столбот.






Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт на лице место. Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино извршиле увид, а телото на починатиот по наредба на обвинителството е предадено на обдукција.

Поврзани содржини