Ѝ СЕ ВРАТИЛ РАКОТ? Мелани Грифит фотографирана со нова голема лузна на лицето (ФОТО)

Холивудската актерка Мелани Грифит фотографите ја уловија додека возела, а на нејзиното лице се гледа голема лузна.

584

Холивудската актерка Мелани Грифит фотографите ја уловија додека возела, а на нејзиното лице се гледа голема лузна.

Не е познато како настанала лузната, но Мелани претходно се бореше со ракот на кожата. На 65-годишната актеркаи претходно ѝ приговараа поради нејзиниот изглед. Имено, таа се  подложи на естетски зафати, а обожавателите потоа го критикуваа нејзиното лице.

 







Затоа решила да проговори за сѐ и рече дека по критиките го сменила лекарот, бидејќи и самата не била задоволна од резултатот.

„Не сфатив како изгледам додека луѓето не почнаа да велат: „О, Боже мој, што направи таа?!“. Тоа толку ме повреди што отидов кај друг лекар и почнав да ги решавам сите глупости што ми ги направи една докторка. За среќа, сега изгледам понормално“, изјавила таа во едно интервју.

Грифит своевремено имаше и големи проблеми со алкохолот и тоа влијаеше на нејзината работа. Таа вели дека многу ѝ е жал поради тоа и додава дека и покрај проблемите со алкохолот, секогаш добро функционирала како мајка.

Инаку, на актерката првпат ѝ беше дијагностициран рак на кожата пред десет години. Иако тврдеше дека е излекувана, болеста повторно се врати во 2017 година. Тогаш актерката забележала темна дамка на носот, која била отстранета со операција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Поврзани содржини