СЕ ВОВЕДУВА ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА БЕЛГРАД – ТРСТ Дали Европа се подготвува за брзиот железнички транспорт?

Се проценува дека железничката линија Белград-Трст не само што би ги поврзала важните регионални економски центри, туку би овозможила и поодржлив транспорт на стоки и луѓе меѓу Балканот и Италија. Се очекува дека и туризмот да добие нов импулс.

211

Србија и Италија планираат да воведат железничка линија Белград – Трст, преку Загреб и Љубљана што се смета за стратешко значење за двете земји.

Информацијата ја пренесоа српските медиуми по средбата на министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ и италијанскиот амбасадор во Србија Лука Гори.






– Тој железнички коридор би бил важен за дополнителен економски раст, како и за подобрување на заштитата на животната средина – изјави министерката Софронијевиќ по средбата.

Од друга страна, амбасадорот Лука Гори нагласи дека инфраструктурата е „клучна област на соработка меѓу Србија и Италија“.

Се проценува дека железничката линија Белград-Трст не само што би ги поврзала важните регионални економски центри, туку би овозможила и поодржлив транспорт на стоки и луѓе меѓу Балканот и Италија. Се очекува дека и туризмот да добие нов импулс.

Ова железничко поврзување е дел од новиот европски железнички систем „Starline“  кој неодамна е предложен од повеќе експерти. Системот предвидува да се поврзат 39 дестинации низ Стариот континент. Замислен е како мрежа на возови со голема брзина која ќе ги  поврзува клучните градови во Европа, вклучувајќи дестинации во Велика Британија, Украина и Турција, а станици ќе има во Белград, Загреб и Сараево.

Основна идеја е да се создаде ултра брзи линии кои би биле конкурентни на воздушниот сообраќај.

Поврзани содржини