Се влошува ситуацијата со пандемијата во светот, предупредува СЗО

Без надзор и мерки за заштита можно е вирусот повторно да се прошири - предупреди директорот на СЗО.

829

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Габриесус, денеска предупреди дека ситуацијата со пандемијата во светот се влошува.

-Иако заразата во Европа, се чини, се олабавува, две третини од новите случаи на ковид-19 доаѓаат од 10 земји во Северна и Јужна Америка и Азија – изјави денеска Тедрос, пренесува лондонски Гардијан.






Тој предупреди дека опуштањето е најголемиот непријател на пандемијата и апелираше до сите земји во светот „активно да ја следат епидемиолошката состојба“.

– Без надзор и мерки за заштита можно е вирусот повторно да се прошири – предупреди директорот на СЗО.

Поврзани содржини