СЕ ВКЛУЧИЛ ГОЛ НА ОНЛАЈН-СЕДНИЦА Пратеник од Романија направил грешка при туширање (ВИДЕО)

Подоцна, кога се исушил и се облекол, тој повторно се придружил на онлајн-сесијата.

1,317

„Алберто исклучи ја камерата“ му довикнале колегите на пратеник од Романија на еден онлајн-состанок на кој тој се вклучил гол, туширајќи се.

Кога неговите колеги го виделе гол се слушнала смеа меѓу колегите-пратеници, а се засмеала и претседателката на Собранието.






Всушност, Алберто Јосиф Караијан, член на Социјалдемократите ПСД го следел онлајн-разговорот само со звук, но неговата камера наеднаш се вклучила па неговото тело станало видливо.

– Не можам да ја исклучам камерата, целосно се извинувам, настинав и не знам како да ја исклучам – им возвратил тој на колегите и потоа излегол од состанокот.

Подоцна, кога се исушил и се облекол, тој повторно се придружил на онлајн-сесијата.

Караијан решил да се извини на Фејсбук за неговата невнимателност.

„Технологијата си игра со мене. За жал, ја платив цената на брзањето! Навистина ми е жал за немилиот инцидент“, постирал тој.

Поврзани содржини