СЕ УРНАА НАЈМАЛКУ 3 ЗГРАДИ НА СИЦИЛИЈА Еден загинат и 8 исчезнати по експлозијата на гас (ФОТО)

Италијанските медиуми објавуваат дека меѓу исчезнатите има две деца и една трудница.

555

Најмалку едно лице загина откако поради истекување на гас дојде до експлозија што предизвика уривање на неколку згради на Сицилија, соопштија утринава италијанските служби за итни случаи, јавува ДПА.

Едно тело е извлечено од урнатините, додека две жени се спасени, а уште осум лица се водат како исчезнати, соопшти единицата за цивилна заштита на Сицилија (DRPC Sicilia) утринава пред 5 часот.






„Голем број згради“ се урнаа по експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во Равануса, град на околу 110 километри југоисточно од Палермо, соопшти ДРПЦ Сицилија.

Според агенцијата АНСА, три згради се урнале, а уште три се оштетени.

Пожарникарите за италијанската агенција кажаа дека истекување на гас е „многу веројатно“ причината за експлозијата.

– Експлозијата можеби е предизвикана од активирање на лифт. Во наредните денови ќе истражуваме дополнително, но она што е сигурно е дека таквата експлозија е исклучителен настан – изјави за АНСА командантот на противпожарната бригада на Агриџенто, Џузепе Мерендино.

Првата жена беше спасена од зграда „најверојатно во близина на оние кои беа погодени од катастрофата“. Таа се здобила со полесни повреди и била пренесена во локалната болница каде ѝ биле откриени „неколку фрактури“, соопшти Итната служба.

Втората жена, за која се вели дека е нејзината сестра, била извлечена од урнатините неколку часа подоцна, според шефот на DRPC Сицилија, Салво Кочина.

АНСА, цитирајќи ја цивилната заштита, пренесе дека меѓу исчезнатите има и две деца и една трудница, што требало да се породи во средата.

Поврзани содржини