Се урна рускиот авион кој исчезна од радарите
На местото на уривањето на авионот веднаш се упатени сите расположливи спасувачки единици од регионот, хеликоптери и војска. Кон местото на несреќата се упатила и една подморница на руската морнарица.
Идентификувано е местото каде падна авионот Ан-26, кој летал од Петропавловск-Камчатски до населеното место Палана и со кој беше изгубена врската пред слетување.
Се претпоставува дека авионот се урнал во море, изјавил претставник на итната служба, пренесува агенцијата РИА Новости.
Според различни податоци на летот имало 28 или 29 патници.
На местото на уривањето на авионот веднаш се упатени сите расположливи спасувачки единици од регионот, хеликоптери и војска. Кон местото на несреќата се упатила и една подморница на руската морнарица.
Метеоролошките услови на местото каде со авионот е прекината комуникацијата се сложени, облачно е и магливо.
#BREAKING | Russian An-26 plane allegedly crashed in sea: Emergency services https://t.co/fju4EUtQqV#SputnikBreaking pic.twitter.com/hCCRuCjrcs
— Sputnik (@SputnikInt) July 6, 2021