📷 СЕ УРНА КРОВ НА УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО КИНА Во несреќата загинаа три лица

Ова е втора ваква несреќа во Кина во рок од неколку месеци.

959

По втор пат за неколку месеци во Кина се урива кров на училишна спортска сала и предизвикува смртни последици.

Урнувањето на спортската сала на гимназија во североисточната провинција Хејлонгџијанг вчера усмрти три лица. Несреќата се случила по неколкудневното ладно време и големите количини снег, пренесуваат медиумите.






Според информациите што се објавени, несреќата се случила додека децата играле кошарка во салата. Видеата на социјалните мрежи покажале како спасувачите копаат низ бетонски урнатини покриени со снег на кошаркарското игралиште за да најдат преживеани.

Надлежните објавија дека покрај трите жртви, уште едно лице е потешко повредено во несреќата.

Во јуни годинава, по обилните врнежи во Кина, се урна кровот на спортската сала во гимназија во градот Чишихар и во таа несреќа 11 лица го загубија животот, повеќето од нив ученици кои во тој момент имале тренинг во салата.

Поврзани содржини
na