СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР ВО ГЕРМАНИЈА Делови пловат по реката Мулде – војската, полицијата и нуркачи трагаат по екипажот

Делови од урнатините на хеликоптерот се пронајдени како пловат по реката Мулде. На местото на несреќата пристигнале бројни спасувачки екипи од противпожарната служба и oд полицијата. Повикани се и нуркачи.

192

Хеликоптер денеска се урнал во Германија, а спасувачките екипи трагаат по екипажот.

Леталото се срушило меѓу местата Голцерн и Требсен, во близина на градот Грима (Саксонија). Според сознанијата на германскиот весник „Билд“ од безбедносни извори, германската војска (Бундесвер) трага по хеликоптерот, пилотот и по можните членови на екипажот, пренесе Мондо.






Делови од урнатините пловат по реката Мулде

Делови од урнатините на хеликоптерот се пронајдени како пловат по реката Мулде. На местото на несреќата пристигнале бројни спасувачки екипи од противпожарната служба и oд полицијата. Повикани се и нуркачи.

Според првичните информации, делови од леталото биле откриени од кајакари кои се движеле по реката. Локацијата на несреќата се наоѓа во близина на автопатот А14, помеѓу Дрезден и Лајпциг. Кајакарите налетале на остатоците и ги известиле надлежните служби.

„Засега без коментар“

На прашањето за несреќата, портпарол на војската изјавил:

– Во овој момент не можеме да дадеме никакви изјави.

Полицијата ја прогласила локацијата на несреќата за воена и за забранета зона и строго им забранила на граѓаните да фотографираат.

Портпаролката на полицијата, Сузан Либке, изјавила дека сè уште трае потрагата по екипажот. Според првичните информации, кајакарите околу 11:30 часот забележале делови од хеликоптерот во реката и ја известиле полицијата.

Во моментов, противпожарните служби, сојузната полиција и речната полиција работат на вадење на хеликоптерот од реката.

Поврзани содржини