СЕ УРНА ЕДЕН ОД ХЕЛИКОПТЕРИТЕ НА ПУТИН Леталото удрило во земја при слетување во Москва
Путин често се превезува со хеликоптери низ Русија. Неговата флота ја сочинуваат и Ил-96 со долг дострел и други авиони.
Хеликоптерот Мил Ми-8, кој се користи за транспорт на рускиот претседател Владимир Путин, удрил во земја при слетување на меѓународниот аеродром Внуково близу Москва, пишува Њузвик.
– За време на слетувањето, хеликоптерот го заглавил пропелерот и го оштетил делот од опашката – изјавил за агенцијата извор од аеродромот.
Не е јасно кој бил во хеликоптерот и дали има повредени во инцидентот. Службите за итни случаи, цитирани од Интерфакс, соопштија дека „според прелиминарните податоци има жртви“, повикувајќи се на извор од аеродромот кој рекол дека во инцидентот нема повредени.
Аеродромот се наоѓа на околу 42 километри југозападно од центарот на руската престолнина, јави руската државна новинска агенција Интерфакс.
#Russian Mi-8 helicopter used to transport Putin & his inner circle crashed near the Vnukovo airport app 10km SW of #Moscow. No further details of the crew and passengers. #Ukraine #putin #UkraineWar #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/tH49KErImq
— SanePanda (@TheSanePanda) January 28, 2023
Авијациското издание „Aerotime Hub“ објави дека хеликоптерот му припаѓал на специјалниот летачки одред „Росија“, кој управува со авиони што се користат за транспорт на руски владини претставници.
Рускиот телеграмски канал „Маш“ објави слика од, како што вели, резултатот од несреќата. На фотографијата, наводно, се прикажани зборовите „Русија“ на хеликоптерот и очигледно отсечени од сечилата на роторот на опашката.
„Росија“ имаше летови околу аеродромот во петокот наутро и попладне, што значи дека Ми-8МТВ-1 најверојатно летал со исклучен транспондер.
Путин често се превезува со хеликоптери низ Русија. Неговата флота ја сочинуваат и Ил-96 со долг дострел и други авиони.
Интерфакс соопшти дека тешкото слетување би можело да биде предизвикано од лошо време или дефект на опремата. Украинската новинска агенција „Украинска правда“ пак, објави дека се работи за грешка на пилотот.