СЕ УРНА БЕТОНСКА ТЕРАСА ОД 11.КАТ ВО БЕЛГРАД За малку избегната трагедија
Во станот во кој припаѓа урнатата тераса живеела сама повозрасна жена.
Во Нов Белград во текот на ноќта паднала бетонска тераса од 11.кат на зграда. Зградата се наоѓа на Булевар Михајло Пупин и е веднаш до улицата, до автобуската постојка. Преминот меѓу зградата и постојката е доста фреквентен, но за среќа нема повредени, пренесуваат српските медиуми.
На лице место се уште има шут од скршен бетон, а жителите од зградата се уште се во шок. Во станот во кој припаѓа урнатата тераса живеела сама повозрасна жена.
– Се урна оградата на терасата со жардиниерата. Се слушна голема детонација, а жителите на зградата беа преплашени. Веднаш повикавме инспекција, која излезе на терен и го огради просторот – соопшти управителот на згадата Душан Јањиќ за Republika.rs
Тој и додава и дека ќе се подигне трајно висока ограда за заштита на минувачите бидејќи било констатирано дека целата фасада е небезбедна.
Станарите велат дека годинава по втор пат паѓа тераса од таа зграда.
– Фасадата е направена пред 47 години како скелетен систем од монтажен тип и се е дотраено, истакнуваат станарите.