СЕ УРНА АВТОПАТ ВО КИНА, 48 ЛИЦА ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ Спасувачите сѐ уште ги вадат згмечените возила од свлечиштето

Несреќата се случи во средата наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.

105

Бројот на загинати од уривање на автопат во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 48, соопштија во четвртокот локалните власти.

Гуангдонг, густо населена индустриска област, беше погодена од серија катастрофи во последниве недели кои се припишуваат на екстремните временски услови.






Несреќата се случи во средата наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.

Претходно беше соопштено дека загинале 36 лица, но бројот брзо се искачи на 46.

Несреќата се случи додека милиони Кинези патуваат за празникот.

Областа каде што се случи несреќата е зафатена од обилни врнежи од дожд во последните денови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Поврзани содржини