„СЕ УНИШТИ, ИЗГЛЕДА КАКО ЏОКЕР ОД БЕТМЕН“ Шарлот од „Сексот и градот“ бесна поради коментарите за нејзиното лице (ФОТО)
Минатата недела беше емитувано долгоочекуваното продолжение на серијата „Сексот и градот“, а коментарите и критиките сѐ уште продолжуваат.
Минатата недела беше емитувано долгоочекуваното продолжение на серијата „Сексот и градот“, а коментарите и критиките сѐ уште продолжуваат.
Прво разочараните обожаватели го споделија незадоволството поради сосема другиот концепт на серијата и смртта на Ѕверката уште во првата епизода, а потоа на ред дојде изглдот на актерката Кристин Дејвис, која го толкува ликот на Шарлот од „Сексот и градот“.
Досега беше позната како една од ретките холивудски актерки која ја негува својата убавина и младешки изглед без помош на естетска хирургија, но се чини дека тоа се променило.
„Шарлот има ново лице“, „Што направила Шарлот со своето лице“, „Целосно го разбирам притисокот што го имаат жените да изгледаат на одреден начин и веројатно и самата ќе направам пластична операција, но Кристин изгледа како Џокерот од Бетмен“ „Секогаш кога ќе го покажат лицето на Кристин Дејвис, се прашувам колку платила за таква ужасна пластична операција. Порано беше природна убавица“, се само дел од многуте коментари со кои Кристин мора да се соочи.
Кристин Дејвис проговори за грдите коментари на сметка на нејзиниот изглед
Актерката призна дека многу и пречеле коментарите на гледачите за нејзината возраст и изглед во серијата што се емитува под називот „And Just Like That…“.
Во интервју за „Сандеј тајмс“, таа рече дека е изненадена од вниманието што таа и нејзините колешки Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон го добиле за новите епизоди и улоги кои првично ги играа во триесеттите години.
Oh no baby what did ms Charlotte York do to her face pic.twitter.com/Ukf2VaN553
— Sophie (@scsc12345) December 9, 2021
Иако нејзиниот лик во серијата има проблеми со стареењето бидејќи ја убедува Миранда да ја бојадиса косата, во реалниот живот Кристин Дејвис вели дека папараците се трудат максимално да ги фатат најлошите фотографии од 50-годишничките на сетот.
„Секој мисли дека може да коментира што сака и да пишува како му се допаѓа или не му се допаѓа нашата коса, нашите лица, што и да е… Стана толку интензивно што останав во шок. Лута сум, а не сакам да бидам, па престанав да ги читам коментарите“, изјави Кристин Дејвис за критиките што ги добила по премиерата, додавајќи:
„Секоја недела пишуваа за моето тело „во облик на круша“, но тоа тогаш дефинитивно не беше комплимент за мене. Ме излудуваше бидејќи тогаш не можев да го спречам, а ниту сега не е поинаку. Да бидам искрена, имам чувство дека на сите ќе им кажам: „Одете по ѓаволите! Одете по ѓаволите, луѓе, направете подобро ако мислите дека можете“. Ете, така се чувствувам. Тоа е проблемот со социјалните мрежи, бидејќи не знаете ништо за луѓето од другата страна. Тие се таму само за да фрлаат „бомби“ што ќе ве повредат. И тоа ме лути“, искрена е актерката.
Покрај коментарите на сметка на изгледаот на Сара и Синтија, кои очигледно природно стареат, Кристин Дејвис најлошо помина поради употребата на ботокс и филери.