СЕ УКРАСУВА СОБОРНИОТ ХРАМ Последни подготовки пред утрешната заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ (ГАЛЕРИЈА)
Утре во 9 часот во соборниот храм ќе започне задничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ, а со која повторно ќе богослужат архиепископот охридски и македонски Стефан и српскиот патријарх Порфириј.
Течат последните подготовки во скопскиот соборен храм Свети Климент Охридски каде што утре во 9 часот ќе се одржи заедничката литургија на двете цркви, МПЦ-ОА и СПЦ, а со која повторно, заедно ќе богослужат архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј и сите владици од македонската и српската црква.
Како што можеше да забележи нашата екипа на терен, се украсува соборниот храм, монахињи ги средуваат цветните аранжмани, исто така се носат и свечените облеки на владиците, поставени се столчиња за оние кои ќе бидат дел од оваа историска богослужба, додека пак екипи на Комунална хигиена го мијат дворот на црквата, како и споредните улички по се очекува да пристигне српската делегација предводена од патријархот Порфириј.