СЕ УДАВИ АКТЕРКАТА ОД СЕРИЈАТА „УРГЕНТЕН ЦЕНТАР“ Додека пливала во река
Телото на актерката Мери Т. Мара е пронајдено во реката Сент Лоран, соопшти државната полиција на Њујорк.
Телото на актерката Мери Т. Мара е пронајдено во реката Сент Лоран, соопшти државната полиција на Њујорк.
Полицијата верува дека Мери (61) се удавила додека пливала во споменатата река во градот Кејп Винсент во неделата наутро, се наведува во соопштението.
– Мери беше една од најдобрите актерки што сум ги запознал – изјави нејзиниот менаџер Крег Дорфман.
Како што истакнал, „таа била електрична, забавна и вистинска личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостига“.
– Телото на Мери е пронајдено утрото во нејзината сакана река. Таа се удавила додека пливала – изјави ПР на актерката.
Mary T. Mara, a veteran of television dramas including “ER,” “Nash Bridges” and “Law & Order,” was found dead in a river, New York State Police said Monday. https://t.co/vXliSCARiu
— NBC 7 San Diego (@nbcsandiego) June 28, 2022
Мери Мара го имаше своето телевизиско деби во 1989 година, но својата најголема популарност ја стекна неколку години подоцна. Деведесеттите ѝ донесоа улоги во популарните серии „Ургентен центар“ и „Неш Бриџис“, како и гостувања во сериите „Ред и закон“ и „Западно крило“.
Таа, исто така, ја освои наградата на Меѓународниот филмски фестивал во Монако во 2003 година за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во „Ем и јас“.
Студирала глума на Државниот универзитет во Сан Франциско и драмската школа Јејл.
ФОТО: Инстаграм/Твитер