📽️ СЕ УДАВИ 9-ГОДИШНO ДЕВОЈЧЕ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО Трагедија во Италија, телото на Адна пронајдено меѓу камења
Девојчето по име Адна Ислам, ќерка на Ихмет и Наила, живеело со семејството во Кавасо дел Томба. Таа била на семеен излет покрај брегот на реката Пјаве заедно со родителите и своите помали брат и сестра.
Страшна трагедија ја потресе Италија, откако во попладневните часови вчера се удави 9-годишно девојче со македонско потекло. Како што пренесува италијанските медиуми, несреќата се случила околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо.
Девојчето по име Адна Ислам, ќерка на Ихмет и Наила, живеело со семејството во Кавасо дел Томба. Таа била на семеен излет покрај брегот на реката Пјаве заедно со родителите и своите помали брат и сестра.
Според информациите, додека си играла со други девојчиња на камењата крај реката, малата Адна се лизнала, паднала во водата и била однесена од силната струја. Семејството веднаш повикало помош, а на местото пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи од италијанската противпожарна бригада.
– На повик дојдоа околу 20 пожарникари од засебните единици на Монтебелуна и Тревизо, како и специјалисти за водни интервенции, нуркачи, дрон и хеликоптер од Венеција, како и припадници на карабињерите. Поради непредвидливата струја, спасувачките операции беа исклучително тешки. По околу два часа потрага, околу 18:30 часот нуркачи го пронајдоа телото на девојчето меѓу големи карпи на реката. Лекар од итната помош констатира смрт – јавува РАИ Њуз.
Локалните власти, меѓу кои и градоначалникот и неговата заменичка, изразиле длабоко сочувство до семејството на трагично загинатото девојче и понудиле поддршка во овие тешки моменти.