📷 СЕ ТРЕСЕ ТЛОТО ВО ГРЦИЈА Серија земјотреси го погодија Крит во рок од половина час
Неколку земјотреси утрово се регистрирани на островот Крит, најсилниот со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Неколку земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, утрово за краток временски период го погодија грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Првиот земјотрес е регистриран во 04:51 часот по локално време и бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, по што следеле земјотреси со јачина од 3,6 и 3,1 со разлика од три минути во 5:57 и во 6 часот по локално време, според EMSC.
Во 6 часот и 17 минути се случи земјотрес со јачина од 4,1 степени, на 23 километри југо-југоисточно од Ираклион, на длабочина од 20 километри.
🔔#Earthquake (#σεισμός) M3.1 occurred 22 km SE of #Irákleion (#Greece) 14 min ago (local time 09:00:13). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/hM7IDQAtoG
🖥https://t.co/mPP0CDhATF pic.twitter.com/EGmrmgog8m— EMSC (@LastQuake) June 11, 2024