СЕ ТРЕСЕ ТЛОТО НА РЕГИОНОТ Земјотреси во Црна Гора, Косово и Турција

Земјотрес е регистриран во 9 часот и 16 минути на длабочина од девет километри, со епицентар на 20 километри северозападно од Никшиќ.

126

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала се почувствува изутринава во Црна Гора, јавија локалните медиуми.

Земјотресот е регистриран во 9 часот и 16 минути на длабочина од девет километри. Епицентарот бил на 20 километри северозападно од Никшиќ.






Земјотрес утрово ја погоди и Косовска Митровица. Како што е наведено на веб-страницата на сеизмолошкиот институт, земјотресот се случил околу 4 часот утринава. Потресот бил со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала.

Како што веќе објавивме, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди источна Турција. Епицентарот на замјотресот е во близина на Баскил, во провинцијата Адијаман, на длабочина од девет километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

 

 

Поврзани содржини