СЕ ТЕСТИРАВ БИДЕЈЌИ САКАВ ДА ПАТУВАМ, НЕМАВ СИМПТОМИ НА КОВИД Градоначалникот на Охрид објасни зошто не се изолирал
После 36 часа од тестирањето, со оглед на тоа што немав никакви симптоми, ниту некој од моето опкружување се тестирав уште еднаш, при што се покажа дека тестот е негативен и немам присуство на корона вирус.
Со внимание ја проследив онаа провладина хајка и разглобувањето до најситните детали околу моето тестирање за ковид, надополнето со многу политика. Веројатно тезата “Наќе е крив” сега е заменето со акцијата “Пецак е крив”, а сето ова само тие од власта да не бидат криви на кои им се случи геноцид на народот поради неспособност во справувањето со ковид-заразата, пишува на Фејсбук актуелниот градоналник на Охрид, Кирил Пезаков.
„На 19 јануари, ден Водици се тестирав во Центарот за јавно здравје Охрид, не поради чуствување на симптоми поради ковид, туку поради патување и потребата за поседување на негативен ПСР тест. Нормално не бев во изолација, затоа што што би се случило доколу илјадници луѓе кои поради потребата за патување во странство би се изолирале чекајќи резултати и секако не постои НИТУ ЕДЕН пример кој се изолирал додека чекал резултати на ПСР тест за странство , така што јас во текот на тој ден бев со охриѓани кои го славеа големиот христијански празник. Истиот ден, како и кај секој тестиран на мејл околу 17 часот( а го прочитав покасно) добив известување од тестирањето кое кажуваше дека имам позитивен тест и иако не чуствував никакви симптоми превземав мерки за самоизолација, додека мојата сопруга имаше негативен тест. Наредниот ден ( четврток) експресно добив решение за изолација од инспекторката од ДСЗИ, бидејќи без симптоми 10 дневна изолација, да појаснам сте имале можност да видите и лично, најголем дел имногу покасно, а се случувало и да не добијат решение за изолација. После 36 часа од тестирањето, со оглед на тоа што немав никакви симптоми, ниту некој од моето опкружување се тестирав уште еднаш, при што се покажа дека тестот е негативен и немам присуство на корона вирус. ( и тој тест јавно го објавив), и само што ги добив резултатите истите и ги испратив на инспекторката (иако во некој друг процес кај што е започнато креирањето на кривичната пријава, вели дека не била запозната за тие резултати.)“, порача Пецаков.

Можеби ќе ве интересира
Пецаков вели дека дошло до грешка во тестирањето, но не ја исклучува можноста „кујната на власта по своја потреба тоа така го фабрикуваа“.