СЕ СУДРИЛЕ ВЕЛОСИПЕД И МОТОР ВО КАВАДАРДИ Девојка и момче се потешко повредени
Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче препративме на лекување во Скопје, вели дежурниот лекар во кавадаречката Брза помош.
Тројца млади биле повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди, потврди за МИА Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.
– Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор. Несреќата се случила во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче препративме на лекување во Скопје – појасни Грков.