СЕ СУДРИЛЕ АВТОМОБИЛ И МОТОЦИКЛ ВО ГОСТИВАР Малолетниот сопатник на мотоциклистот е тешко повреден
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.
Вчера во Гостивар се случила сообраќајка помеѓу автомобил и мотоцикл, а со телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник.
Вчера во 14.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница на кеј „Братсво – единство“ со улица Панче Попоски во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Е.Д. од гостиварски Балиндол и мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Ј.И. од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.