СЕ СУДРИЈА ПАТНИЧКИ И ТОВАРЕН ВОЗ ВО СРБИЈА Има повредени, причината е човечки фактор

243

Дваесеттина лица се повредени вечерва во судир на патнички и товарен воз во Србија, соопшти  српското Министерство за внатрешни работи.

По судирот патничкиот воз излетал од шините.

Повредените, како што наведуваат од полицијата, се транспортираат во Здравствениот дом и во болницата во Сомбор.

Според првичните сознанија, и патничкиот и товарниот воз сообраќале од Нови Сад кон Богојево, а до судирот дошло кога патничкиот воз го престигнал товарниот воз и удрил во задниот вагон на товарниот воз.

Железничката комисија за истрага на вонредни настани, која ја сочинуваат екипите на компанијата „Србијавоз“ и „Инфраструктура на железници на Србија“, веднаш излегла на местото на несреќата и потврдија дека причината за несреќата е човечки фактор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Поврзани содржини