СЕ СУДРИЈА ДВЕ ВОЗИЛА КАЈ МАЈЧИН ДОМ Возачите се итно пренесени во болница

Увидна екипа на МВР е на терен, но засега не е позната причината за несреќата.

592

Вечерва околу 20.40 часот пријавено е дека се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила „мерцедес“ и „форд фокус“ на крстосницата од улиците Васко Карангелески и булеварот Јане Сандански, пред Мајчин дом, пренесува тв 24.

Увидна екипа на МВР е на терен, но засега не е позната причината за несреќата.






Од ТВ 24 пренесуваат дека возачите учесници во сообраќајната незгода со возило на Итна помош се пренесени во болница, но за карактерот на повредите нема официјални информации.

Поврзани содржини