(ВИДЕО) СЕ СУДРИЈА ДВА АВИОНА ЗА ОБУКА ВО УКРАИНА Загинаа тројца пилоти, меѓу кои и познатиот „Џус“

Смртта на тројцата пилоти е тешка загуба за Украина, која се подготвува со огромни напори да ги обучи што е можно побрзо екипажите на своите воздухопловни сили да управуваат со борбени авиони Ф-16 кои ги обезбеди Западот.

1,413

Тројца украински воени пилоти загинаа во судар на два авиони за обука Л-39 на небото над централна Украина, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Несреќата се случила вчера во областа Житомир, која се наоѓа западно од главниот град Киев. Воздухопловните сили соопштија дека еден од пилотите, Андреј Пилишиков чиј прекар бил „Џус“, бил познат по многуте интервјуа што ги дал за странски медиуми, но е еден од пилотите кои  учествувале во одбраната на Киев на почетокот на војната, летајќи со МиГ-29.






Тој неколку пати зборуваше за западни медиуми, како Вашингтон пост, Би-би-си, Фокс, каде често ја користеше можноста да апелира до западните земји да испратат модерни авиони на Киев.

„Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Тоа е болна и непоправлива загуба за сите нас“, напишаа украинските воздухопловни сили на социјалната мрежа Телеграм, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврдат причините за судирот.

Смртта на тројцата пилоти е тешка загуба за Украина, која се подготвува со огромни напори да ги обучи што е можно побрзо екипажите на своите воздухопловни сили да управуваат со борбени авиони Ф-16 кои ги обезбеди Западот. Досега на Киев му се ветени најмалку 61 од овој тип воени авиони.

Поврзани содржини