СЕ СУДРИЈА „АУДИ“ И „ШКОДА“ И УДРИЛЕ ДВАЈЦА ПЕШАЦИ Еден тешко повреден, другиот со полесни повреди

Сообраќајна несреќа во село Врапчиште, Ј.Р. (26) и Ф.А. (22) се повредени, еден од нив со сериозни телесни повреди

132

Драма на регионалниот пат Гостивар–с.Градец во село Врапчиште заврши со двајца повредени пешаци, откако два патнички возила, „ауди“ со чешки и „шкода“ со хрватски регистарски ознаки, по инерција удриле во нив.

Повредени се Ј.Р. (26) и Ф.А. (22), двајцата жители на Врапчиште. Ј.Р. се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен во Ургентен центар Гостивар, додека Ф.А. се здобил со полесни телесни повреди и добил соодветна медицинска помош.






Полицијата веднаш извршила увид на местото на несреќата по наредба на јавен обвинител. Истражувањето продолжува за утврдување на причините за несреќата.

Поврзани содржини