Се сруши училиште во Антверпен, петмина починати, има и повредени (ВИДЕО)

Денес, белгискиот крал Филип и премиерот на Белгија, Александар де Крој, беа на местото на несреќата.

351

Училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на градежните работи, а во несреќата загинаа пет лица, а девет беа повредени, соопштија денеска локалните власти.

По уривањето на зградата, пожарникарите и полицијата излегоа на лице место со специјално обучени кучиња, кои трагаа по преживеаните и ги извлекоа од урнатините.






Од деветте повредени, тројца се на интензивна нега, петмина се хоспитализирани, а едно лице по прегледот е пуштено дома, соопшти противпожарната единица.

Денес, белгискиот крал Филип и премиерот на Белгија, Александар де Крој, беа на местото на несреќата.

Медиумите објавија дека странски државјани од Португалија, Романија и Украина биле меѓу работниците кои работеле во училиштето.

Поврзани содржини