Се снимал како пука со пиштол, па завршил во притвор

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со 22 куршуми и ловечка пушка „Застава“, за кои не поседувал дозвола, велат од МВР.

1,525

Полицајци од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С. од с.Опае, општина Липково, поради пукање од огнено оружје.

– Мажот бил приведен откако претходно било објавено видео на социјалните мрежикако тој пука од оружје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со 22 куршуми и ловечка пушка „Застава“, за кои не поседувал дозвола – велат од МВР.






Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини