Се снима филм, од 20 часот ќе биде затворена улица Македонија

335

Поради снимање филм, на улица Македонија пред хотелот „Бристол“ вечер од 20 часот до шест часот наутро Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот.

Поврзани содржини