СЕ СЛУЧУВААТ ЧУДА Двајца браќа спасени по 181 час под урнатините, шестгодишно девојче извлечено живо по 178 часа

Припадниците на противпожарната единица на Град Кочели под урнатините пронашле 12-годишно момче. Момчето веднаш по извлекувањето добило лекарска помош.

2,507

Спасувачките екипи извлекоа две момчиња од урнатините на една зграда, браќата Харун и Ејуфан Шерифоглу, по неверојатни 181 час по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Туркије.

Успешната спасувачка операција беше спроведена осмиот ден по земјотресот во центарот на Антакија во Хатај, каде што спасувачите најпрвин ги лоцираа осумгодишниот Харун и 15-годишниот Ејуфан, а потоа ги извлекоа од под урнатините на објектот.






Спасувачите ги предале момчињата на екипа на Брза помош која им пружила прва помош, а потоа ги однела во болница.

Вујкото на спасените момчиња, Рамазан Шерифоглу, за новинарот на Анадолија изјави дека нивната мајка починала, а која е погребана денеска, додека нивниот татко сѐ уште не е погребан.

– Заборавивме на сѐ кога ја слушнавме веста дека се живи и кога ги видовме. Ова е голема радост за нас, празник, го славиме животот – рече Шерифоглу.

Денеска во разурнатиот од земјотресот Хатај е спасено и 12-годишно момче по име Кан.

Припадниците на противпожарната единица на Град Кочели под урнатините пронашле 12-годишно момче. Момчето веднаш по извлекувањето добило лекарска помош.

 

Во јужниот турски град Адијаман е спасено шестгодишно девојче, јави агенцијата „Анадолија“. По извлекувањето, спасувачите и народот наоколу, кој помага восхитен од успешната спасувачка акција и извикуваше „Господ е голем“.

 

Таа била пронајдена под урнатините во зградата во Адијаман дури 178 часа по катастрофалниот земјотрес.

На социјалната мрежа твитер од истиот град Адијаман е објавена снимка од спасувањето на 35 годишен маж од под урнатините.

 

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани по разорниот земјотрес што пред седум дена погоди десет градови во Туркије.

Поврзани содржини