СЕ СЛУЧИ ТРАГЕДИЈА, НО АЛЕК БОЛДВИН НЕ Е ВИНОВЕН Судот ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против славниот актер

612

Кривичната постапка против актерот Алек Болдвин за смртоносното пукање на сетот на филмот „Rust“ во 2021 година е официјално завршена, откако обвинителството ја повлече жалбата за продолжување на случајот.

„Денешната одлука за повлекување на жалбата е потврда на тоа што го тврдевме од почеток – се случи трагедија, но Алек Болдвин не е виновен за кривично дело“, изјавија адвокатите на Болдвин.






Судот во Ново Мексико претходно ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против Болдвин, откако адвокатите тврдеа дека нема докази како смртоносниот куршум завршил во пиштолот.

Халина Хачинс загина кога Болдвин испукал од пиштол на сетот, кој бил ненамерно наполнет со вистинска муниција. Одговорната за оружјето на сетот, Хана Гутиерез, беше обвинета за убиство од небрежност и осудена.

Поврзани содржини