СЕ ШУШКА ЗА СЕМЕЕН СОБИР НА НИКОЛ КИДМАН, ТОМ КРУЗ И НИВНИТЕ ДЕЦА Двете холивудски ѕвезди се појавија на истиот настан

Се шпекулира за можно семејно собирање на двете големи холивудски ѕвезди со нивните посвоени деца, Изабела и Конор, но засега нема официјална потврда

57

Две од најголемите холивудски ѕвезди, Никол Кидман и Том Круз, се најдоа на ист настан – годинешниот CinemaCon, најголемиот светски собир за филмската индустрија, во Лас Вегас – но без директна средба пред јавноста.

На сцената во „Долби Колосеум“ тие ги промовираа сопствените проекти, но во ниту еден момент не се појавија заедно.

Кидман блесна во црн фустан со длабоко деколте, комбиниран со дијамантски обетки и елегантни чевли, додека косата ѝ беше стилизирана во нежни бранови. На сцената ѝ се придружи колешката Сандра Булок, со која го најавија продолжението на филмот „Практична магија“.

Од друга страна, Круз се појави во целосно црно издание – кадифено сако, кошула и панталони – придружуван од режисерот Алехандро Г. Ињариту, со кого го претставија новиот проект, филмот „Дигер“.

Том Круз и Никол Кидман се запознале во 1990 година на снимањето на филмот „Денови на грмотевиците“. Се венчале истата година, а во бракот посвоиле две деца – Изабела Круз и Конор Круз.

Разводот следеше во 2001 година, кога Круз поднел барање поради „непомирливи разлики“, потег што Кидман подоцна го опишала како голем шок.

Во последно време, таблоидите пишуваат дека поранешните сопружници размислуваат за семеен собир со нивните деца.

Според овие наводи, односите наводно се смириле, особено по промените во приватниот живот на Кидман. Сепак, ниту таа, ниту Круз, ниту нивните претставници не ги потврдиле овие информации.

Децата на поранешниот пар со години живеат далеку од јавноста – Изабела во Велика Британија, а Конор во САД. По разводот тие останале поблиски со таткото, а за нивниот однос со Кидман ретко се зборува.

Поврзани содржини