Сè што ми остана од него, е само една снимка од ултразвук …

Не можам да ја опишам мојата тага додека бев во родилната сала опкружена со други бремени жени. Тие знаеја дека по големи маки и болка, ќе го слушнат гласот на своето бебе. Јас само чекав да заврши кошмарот, без зборовите „Браво мамо, честитки! …“ Ова е само една од приказните на жените кои загубиле бебе

428

Загубата на бебе носи голема болка, дури и кога станува збор за губење на бебе во првите недели од бременоста. Секоја жена се справува со оваа загуба на свој начин. Мајките на форумите честопати ги нарекуваат своите изгубени бебиња ангели. Подолу можете да ги прочитате емотивните исповеди на неколку мајки по загубата на нивните бебиња.

„Не се чувствувам себеси. Ништо во мојот живот никогаш не ме повредило толку многу. Не можам да дишам … Мислам на него цело време и го сакам многу, многу. И ми недостига. Имам грдо, бесконечно чувство на празнина во мојот стомак. И јас постојано размислувам за неговите прстиња на ногата од ултразвукот … затоа што ми остана само една снимка на ултразвук … а толку го чекав денот кога ќе го прегрнам. Но, дури и ако никогаш повеќе нема да имам деца, јас веќе го имам него, мојот мал син“.






Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Поврзани содржини