СЕ ШЕТАЛ СО ПИШТОЛ БЕЗ ДОЗВОЛА Се бара притвор за бивш учесник во странска војска

74

Јавното обвинителство почна истрага против 26-годишен скопјанец кој се сомничи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот на 5 ноември, како сопатник во автомобил на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје, неовластено држел полуавтоматско огнено оружје пиштол „токарев Т33“ со калибар 7,62х25 мм, со една рамка и шест куршуми. Пиштолот го поседувал без довзола.






Имајќи го предвид фактот дека се работи за лице претходно осудувано за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, согласно член 322-а од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител наредил детален претрес на неговиот дом и одземање на електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Поврзани содржини