СЕ ШЕГУВАЛ ИЛИ НЕ, ДИЏЕЈ ДИПЛО ПРЕДИЗВИКА ЛАВИНА ОД РЕАКЦИИ „Излегував и со Кети Пери и со Џастин Трудо, тој е згоден тип!“

Еден од најпознатите диџеи во светот, Дипло, предизвика лавина од реакции додека гостуваше во поткастот „Smart Girl Dumb Questions“, каде што рече дека излегувал и со Кети Пери и со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо кој е сега во врска со пејачката.

609

„Излегував и со Кети Пери и со Џастин Трудо. Тој е згоден тип“: Познатиот диџеј шокираше со изјавата

Еден од најпознатите диџеи во светот, Дипло, предизвика лавина од реакции со неговата изјава за врската со пејачката Кети Пери и со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.






Дипло беше гостин во поткастот „Smart Girl Dumb Questions“, каде што рече дека излегувал и со Кети и со Џастин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nayeema Raza (@nayeemaraza)

– А сега Кети Пери излегува со Џастин. Тоа е кул – вели тој, на што водителката Најема Раза додава:

– Познавам многу луѓе кои, на некој начин…

– Излегувале со Кети Пери, како мене? – ја прекина Дипло и додаде: „Да.“

– Мислев на Трудо – рече водителката, а диџејот одговори: „И јас излегував со Трудо. Но, тоа беше чудно“, рече тој и објасни дека тоа е невообичаено за него бидејќи „не го привлекуваат политичари“.

– Мислам дека е згоден – рече Раза, а Дипло додаде: – На некој начин е згоден.

Неговите изјави предизвикаа дебата на социјалните мрежи, а водителката подоцна објасни дека диџејот само се шегувал кога рекол дека излегувал и со Трудо и со Пери.

Но, иако се шегувал за романсата со Џастин, Дипло навистина бил поврзуван со Пери во 2014 година. Биле видени заедно во Њујорк, а изворите биле поделени околу статусот на нивната врска.

Дипло и Кети никогаш не ја потврдија, ниту ја негираа нивната наводна романса.

Поврзани содржини