СЕ РОДИ ПРВОТО АВГАНИСТАНЧЕ Мајката е негативна на корона

Жената се породила денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а лекарите велат дека и бебето и мајката се чувствуваат добро. Мајката била тестирана за ковид-19 и била негативна.

1,523

Здраво машко бебе тешко 3,2 килограми роди Авганистанката која доцна синоќа пристигна во Македонија со авионот од Кабул, Авганистан. Таа се породила денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а лекарите велат дека и бебето и мајката се чувствуваат добро. Мајката била тестирана за ковид-19 и била негативна.

На останатите пристигнати Авганистанци од синоќешниот лет денеска им се прават ПЦР тестови, интернистички и педијатриски прегледи, а ќе им биде понудена и вакцинација на тие што не се вакцинирани.

Поврзани содржини