СЕ РАЗГОРУВА „БИТКАТА“ ЗА СКОПЈЕ Кандидатура најави адвокатот Тортевски
Во вторник ќе имаме официјална прес-конференција и ќе промовираме дел од кандидатите. Јас сигурно ќе одам за Скопје, напиша Тортевски на Твитер.
Адвокатот Александар Тортевски, кој е еден од основачите на партијата „Твоја“, ја најави својата кандидатура за претстојните локални избори, како кандидат за Град Скопје.
Тој вели дека во вторник на официјална прес-конференција ќе ја соопшти официјалната одлука.
– Сè уште не сум ја објавил официјално кандидатурата. Во вторник ќе имаме официјална прес-конференција и ќе промовираме дел од кандидатите. Јас сигурно ќе одам за Скопје – напиша Тортевски на Твитер.
Поддршка да добијат градоначалнички мандат за главниот град веќе побараа, актуелниот прв човек на Скопје, Петре Шилегов, од владејачката СДСМ, како и Петар Георгиевски-Камиказа од Левица, но рече дека ќе настапи како независен. За независни кандидатки, потписи собраа и двете дами претседателката на ССК, Данела Арсовска и Ана Петровска, екс-директорка на Државниот инспекторат за животна средина.
Поранешниот пратеник, пак на НСДП, Љубомир Јосифовски, исто така собира потписи за да се кандидира за градоначалник на Скопје.