🎥 СЕ РАЗБУДИ НАЈПОЗНАТИОТ ВУЛКАН ВО СВЕТОТ Попокатепетл исфрла пепел што ги прекрива авионите
Поради ерупцијата на вулканот Попокатепетл во централно Мексико, многу летови се откажани, а граѓаните на Мексико Сити се предупредени да носат маски.
Интензивната активност на вулканот Попокатепетл, во централно Мексико, ја загрижува мексиканската влада, а локалните власти издадоа предупредување поради континуираната емисија на пепел и водена пареа од кратерот и препорачаа жителите на Мексико Сити да носат маски. Владата објави жолт аларм поради вулканска активност.
Исто така, се препорачува луѓето да останат дома и да избегнуваат директен контакт со вулканска пепел.
Националниот центар за превенција од катастрофи извести дека опасноста сè уште постои и дека селото најблиску до вулканот е евакуирано.
Меѓународниот аеродром во Мексико Сити соопшти дека авиокомпаниите откажале 22 домашни и меѓународни летови за да извршат безбедносни проверки откако авионите беа погодени од пепел од вулканот Попокатепетл на пат кон мексиканската престолнина.
Попокатепетл е на околу 70 километри од Мексико Сити.
New explosion of the Popocatépetl volcano in Puebla, México on February 27, 2024 and the Mexico City International Airport has confirmed the cancelation of 22 national and international flights as a result of the fall of ash from the Popocatépetl volcano.
📹Diego SaldanhaSa pic.twitter.com/y1XovnYIZj
— FL360aero (@fl360aero) February 28, 2024