СЕ РАБОТИ НА ИТНО САНИРАЊЕ НА СИФОНОТ МАКАРИЈА Нивите во Тиквешко останаа без вода
Од АД Водостопанство на Република Северна Македониј велат дека е завршен увидот на местото и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба.
АД Водостопанство на Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека вчера е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради кое привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.
Оттаму велат дека е завршен увидот и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба.
„Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство – „Тиквеш“. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана“, додаваат од АД Водостопанство.