СЕ ПРОШИРУВА КОРУПЦИСКИОТ СКАНДАЛ НА КУРЦ Платена манипулативна кампања со 156.000 евра

Министерството нарачало анкетарот да подготви студија за речиси 35.000 евра, но му платило три пати повисок износ..

745
Внатрешна истрага на Министерството за финансии во Австрија откри корупциски скандали околу поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, јави ДПА.

„Меѓу другото, на виделина излегоа и неразбирливи исплати нарачани од анкетар од над 120.000 евра, соопшти Министерството.

Канцеларијата на државниот обвинител за корупција води истрага против Курц и неколку негови соработници. Се сомнева дека „манипулираните анкети биле финансирани од парите на даночните обврзници со цел да се отвори патот на Курц до врвот на неговата конзервативна Австриска народна партија и до канцеларската функција“. Се наведува дека со проектот управувало Министерството за финансии.

Курц и поранешниот министер за финансии Гернот Блумел во повеќе наврати ги отфрлаа обвинувањата пред да поднесат оставка.

– Целата слика навистина не е особено розова – рече Ханес Шух, шеф на внатрешната истрага.

Министерството нарачало анкетарот да подготви студија за речиси 35.000 евра. Но, од неразбирливи причини добил речиси 156.000 евра.

Покрај тоа, ревизијата критикуваше неправилности и во распределбата на огласите во весниците. Државното обвинителство гледа поврзаност меѓу огласите на Министерството и објавувањето на „накитените“ анкети во таблоидите.

Поврзани содржини