СЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА ЃОКОВИЌ Поради давање лажна изјава, Србинот може да добие 5 години затвор!
Освен тоа, министерот Алекс Хок размислува дали да му ја укине визата на Ѓоковиќ врз основа на тоа дали претходната инфекција со коронавирусот во последните шест месеци е валидно ослободување за невакцинација.
Сагата околу Новак Ѓоковиќ и неговиот престој во Австралија изгледа нема крај. Ѓоковиќ во ноќта меѓу вторникот и средата даде изјава во која го објасни својот позитивен тест за коронавирусот, а министерот за имиграција Алекс Хок сѐ уште нема донесено одлука дали да му ја укине визата на Србинот и да го депортира од земјата.
Сега пристигнуваат нови информации за тој случај – Министерството за внатрешни работи на Австралија ја прошири истрагата против Новак Ѓоковиќ, а наводно, според австралиските закони, може да се соочи со затворска казна од пет години!
Според „The Age“ и „Sydney Morning Herald“, истрагата против Ѓоковиќ се проширува за да го вклучи неговото кршење на условите за изолација во Србија, како и неточни наводи во формуларот за известување за патување и недоследности во датумот на неговиот тест на ковид- 19!
Освен тоа, министерот Алекс Хок размислува дали да му ја укине визата на Ѓоковиќ врз основа на тоа дали претходната инфекција со коронавирусот во последните шест месеци е валидно ослободување за невакцинација.
Но, споменатите медиуми пренесуваат и дека тој сега би можел да размисли дали да му ја одземе визата на Новак врз основа на неговиот карактер.
Ѓоковиќ во објава на Инстаграм призна дека ден по добиениот негативен тест дал интервју за „Л’Екип“, за кое истакна дека го добил на 17 декември, нагласувајќи дека претходно бил негативен на 16 декември. Австралијците велат дека тоа е исто така сериозен проблем.
– Во својата изјава под заклетва, Ѓоковиќ рече дека бил „тестиран и дијагностициран“ на 16 декември. Министерството за внатрешни работи сега го истражува ова несовпаѓање, а казната за давање лажни докази според Кривичниот закон е пет години затвор“, се вели во натписот „The Age“.
Исто така, се наведува дека се истражува дали позитивниот резултат на Ѓоковиќ на ковид-19 бил манипулиран откако се појавиле недоследности за времето и резултатите од неговиот ПЦР тест, пишува истиот весник.
Ѓоковиќ денеска повторно тренираше на терените на Австралија опен.